
Битолскиот оркестар „Дива“ утре, на 21 мај ќе одржи концерт со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Во големата сала од Центарот публиката ќе има можност да ги проследи најдобрите музички поп и рок хитови MTV hits – vol.2, во изведба на солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски.
Публиката ќе биде дел од вечерта полна со емоции, ритам и чиста музичка магија! Ќе се еодржи уште една незаборавна вечер и ќе ги доживее најдобрите музички времиња.

Македонски


