
ДИК потпиша Меморандум за разбирање за зајакнување на демократската отпорност и европската соработка со изборните власти на Република Молдавија, Украина и Албанија.
Овој значаен документ ја одразува нашата заедничка и цврста заложба за промовирање на слободни и фер избори, континуирано зајакнување на изборниот интегритет и развој на отпорни демократски институции, подготвени за предизвиците на дигиталната ера.
Делегацијата на Државната изборна комисија, предводена од претседателот Бојан Маричиќ, заедно со членовите на Комисијата, Дитмире Шеху и Светлана Карапетрова, активно учествуваше на Регионалната конференција „Парите во политиката 2026“ во Кишињев, каде што се одржа оваа значајна церемонија на потпишување.
Со потпишувањето на овој Меморандум, ДИК го потврдува својот активен придонес во регионалните и европските процеси, со што се обезбедува посигурен и потранспарентен изборен процес за сите граѓани.

Македонски



