
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24, зборувајќи за изградбата на коридорите 8 и 10Д и за другите инвестиции и во релација со економијата посочи на факти за раст на БДП, според кои и 2024 и 2025 година Македонија е во првите 5 во Европа според растот на БДП, за разлика од минатата влада кога Македонија по овој параметар беше последна во регионот.
Добрата вест за македонската економија и граѓаните е што растеме, 2025 година ја заврши во првите 5 во Европа, и тоа се факти, веднаш после Ирска, Малта, Кипар и заедно со Полска. И тоа се бројки од Еуростат. Исто таква беше и 2024 година. Пред шест, седум години бевме на дното во регионот, сега сме лидери во регионот и во првите пет во Европа според процентот на раст на бруто домашниот производ. Заедно со ова можам да кажам дека во првите два месеци од годината имаме двоцифрен раст во проценти на приходите во буџетот, што значи економијата добро оди, се плаќа данок на додадена вредност, нема веќе толку сива економија, и при увоз во земјата и во внатрешниот промет, добивката е поголема, данокот на добивка, од минатата година, што значи дека компаниите работат и профитираат, зголемени се придонесите, што значи качени се примањата на вработените од 12 до 13 проценти, така што апсолутно почетокот на годината ветува одлична економска година“, посочи Мицкоски за ТВ Ора 24, додавајќи дека сето тоа зависи од времетраењето на она што се случува на Блискиот Исток и влијанието врз енергенсите и светската економија.

Македонски

