
Белорускиот претседател Александар Лукашенко, во вчера објевеното интервју за телевизијата Њузмакс , повика на брза акција за прекин на конфликтот во Украина, нагласувајќи дека САД мора да останат вклучени во дипломатските напори.
Лукашенко е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и ја отстапи територијата на Белорусија на Москва за инвазијата на Украина во 2022 година.
Сега многу работи зависат од ставот на Трамп и САД. Најважно е Трамп да не се помести од оваа позиција – изјави Лукашенко за американската телевизија, а белоруската државна агенција Белта објави делови од интервјуто.
Доколку сè зависеше исклучиво од Трамп, војната ќе беше завршена одамна… Но, ова е процес со многу страни и Трамп не може сам да го реши… Конфликтот мора да биде замрзнат од горе до долу. Откако луѓето ќе престанат да се убиваат едни со други, можете да седнете и да се договорите за што сакате, рече белорускиот претседател.

Македонски






