
Го одржавме вториот состанок на Советодавниот одбор на проектот „Заедници со интегритет“, на кој повторно во фокус беа темите за унапредување на интегритетот, транспарентноста и спречување на корупција, напиша министерот за Локална самоуправа Златко Перински.
Една од клучните точки на дневниот ред беше и процесот на подготовка на Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси, документ што треба да постави јасни стандарди и приоритети во оваа област.
Продолжуваме со конструктивна работа и со поддршка за сите процеси што водат кон подобро локално управување.

Македонски






