
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде црвен метео аларм за утре, најавувајќи сончево и многу топло време низ целата земја.
Дневната температура се очекува да се движи во интервал од 35 до 42°C.
Граѓаните се советуваат да преземат мерки за заштита од жештините, како што се избегнување на директна сончева светлина во најтоплиот дел од денот, консумирање доволно течности и носење лесна облека.