Skip to main content

Утре во Брисел се потпишува програмата EU4Health што носи многу поволности за македонските пациенти

Министерство за здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска се сретна со Михалис Рокас, амбасадор на Европската унија во Република Македонија

На средбата беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на реформите во здравствениот сектор, европската поддршка и претстојното потпишување на договорот за учество на нашата држава во програмата EU4Health, што ќе се одржи утре во Брисел.

Пристапувањето кон EU4Health претставува значајна можност за унапредување на здравствениот систем преку европски програми, партнерства и експертиза во области како јавно здравје, превенција, дигитална трансформација, безбедност на пациентите и зајакнување на здравствените капацитети.

Министерството за здравство останува посветено на усогласување со европските здравствени политики и на создавање посилен, поефикасен и подостапен здравствен систем за граѓаните.

Поврзани вести