Skip to main content

Од четветок студен бран

Во Македонија нѐ очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност.

Во четврток следува значителна промена на времето. Ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Попладне, поради продор на постуден воздух од север, на планините ќе има услови дождот да преминува во снег.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој на истокот повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Температурите ќе се движат од 5 до 11 степени наутро, а дневните ќе бидат меѓу 10 и 18 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, на први мај времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринските температури ќе се спуштат од -1 до 6 степени, а дневните ќе достигнат од 9 до 16 степени.

Поврзани вести