Skip to main content

Јован Јованов и Елвир Мекиќ покажаа дека нивната музика и по две децении има моќ да обедини цела арена во еден глас

Луѓе од различни генерации дојдоа во „Борис Трајковски да ги слушнат песните со кои растеа, се вљубуваа и ги живееја најубавите години од својата младост.

Јован Јованов и Елвир Мекиќ не само што ги вратија на сцената своите најголеми хитови, туку приредија спектакл кој покажа дека нивната музика и по две децении има моќ да обедини цела арена во еден глас.

Спектаклот започна со „Слаба точка“, а уште од првите минути беше јасно дека Јован и Елвир не ја загубиле ниту енергијата, ниту харизмата по која беа препознатливи пред дваесетина години.

Следуваа „Некаде после два“, „Опасно“, „Ти ме сакаш“, „Уште те има“, „Не сум Бог знае што“, „Во право си“, „Адреналин“, „Армија“, „Итно ми требаш“ и десетици други хитови кои публиката ги пееше во еден глас. објави Скопје1.мк

Поврзани вести