Skip to main content

Предвремени избори за градоначалник на Брвеница на 18 октомври

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.

Како што соопшти Гаши, одлуката е донесена во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, а од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија во Брвеница и сите надлежни институции очекува изборниот процес да биде спроведен професионално, непристрасно и во целосна согласност со законските процедури.

Тој упати повик до сите кандидати и политички субјекти изборната кампања да ја водат достоинствено, со натпревар на програми, идеи и визија за развој на општината, наместо со реторика што поттикнува поделби или ја нарушува довербата на граѓаните во демократскиот процес.

Гаши ги повика и граѓаните на Брвеница активно да учествуваат на изборите и одговорно да го искористат своето демократско право на глас, придонесувајќи за мирен, уреден и кредибилен изборен процес.

Убеден сум дека овие избори ќе ја потврдат демократската зрелост на институциите и на нашите граѓани, се наведува во обраќањето на претседателот на Собранието.

Поврзани вести