Skip to main content

Од денеска во Институтот за јавно здравје почнува со работа првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти

Министерство за здравство

Од денеска, 8 јуни, почнува со работа првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти во Институтот за јавно здравје во Скопје, кое беше отворено во саботата во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за здравство, Азир Алиу и директорката на Институтот, Марија Андоновска.Услугата ќе биде достапна и преку системот „Мој Термин“.

Почнуваме со нов пристап кон менталното здравје на децата и адолесцентите. Менталното здравје не смее да биде тема што се стигматизира или остава за подоцна. Нашата обврска е да создадеме систем што препознава, поддржува и интервенира навреме, особено кога станува збор за деца и адолесценти“, истакна министерот Алиу.

фото: Министерство за здравство

Истовремено, во Институтот за јавно здравје беа претставени и новите капацитети на микробиолошките лаборатории, со нова опрема во вредност од 15 милиони денари, како и со ставање во функција на дополнителна опрема во вредност од околу 11 милиони денари, која со години не била користена.

Според министерот Алиу, ова претставува зајакнување на јавно-здравствениот систем, бидејќи овозможува поголем лабораториски капацитет, посовремена дијагностика и подобра подготвеност за одговор на здравствени предизвици.

Поврзани вести