Skip to main content

Концерт во Градскиот парк во Скопје

Британската амбасада во Скопје во соработка со македонската Армија, денеска организира концерт на Школка во Градскиот парк по повод одбележувањето на роденденот на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.

Концертот ќе започне во 18:30 часот, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во едночасовна музичка програма во изведба на Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери и Воениот оркестар на македонската Армија.

Од Британската амбасада упатија покана до сите граѓани да присуствуваат на концертот и да бидат дел од вечерта посветена на музиката, пријателството и одбележување на британско – македонското партнерство.

Поврзани вести