Skip to main content

Ѝ го криел детето на сопругата со која се разведува

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера извршија службен разговор со Г.Л.(39) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од неговата 34-годишна сопруга, со која бил во бракоразводна постапка, дека не го почитувал решението од Основен суд Неготино и во угостителски објект во Кавадарци и се заканувал и не и дозволувал да биде со нејзиното малолетно дете.

По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти денеска МВР.

Поврзани вести