
Во рамки на одбележувањето на 75 години од почетоците на музејската дејност во Охрид, денеска ќе биде претставено едно од значајните дела што се чуваат во охридското културно наследство.
Во 12 часот, во Галеријата на икони, посетителите ќе имаат можност да ја видат мозаичната икона „Исус Христос на престол“, изработена во XIV век.
Иконата е пронајдена во 1960 година во црквата „Света Богородица Перивлептос“ во Охрид. Станува збор за редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период, која има особено значење за историјата на уметноста и културното наследство на градот.
Презентацијата е дел од свечената програма посветена на јубилејот – 75 години музејска дејност во Охрид.

Македонски


