
Дрска, арогантна, физички турка и не дава влез, вели посетител на Куклите кај Кратово за жената која незаконски стои на портата, бара пари за влез и со тело блокира да поминете. Како што раскажува посетителот Марио Станојковски, а во коментари потврдуваат и многу други граѓани, луѓе од цела Македонија биле принудени да платат или да се вратат, зошто таа тврди дека ова природно македонско богатство и атракција се нејзин приватен имот.
Куклите кај Кратово се природно богатство кое им припаѓа на сите нас. Јавен простор, создаден од природата, даден за сите.
Денес повторно бев спречен да влезам. Дрска, арогантна, физички турка и не дава влез. Стои на портата и со тело блокира пристап до јавен простор, без никакво законско право.
Влегов по алтернативен пат и лично разговарав со косовските државјани внатре(кои таа ги пуштила да влезат ,а во меѓувреме блокираше улаз на другите со умисла .Па 10луѓе по 10 евра цела дневница за нејзе). Ми кажаа дека платиле по 10 евра по лице овој пат, а претходниот пат кога доаѓале им биле наплатени по 20 евра по лице. Измамени повеќепати. Им било речено дека куклите се приватна сопственост и тие верувале, бидејќи никој не им ја кажал вистината.(пс. Дечки има технкчки проблеми не може да се влезе дефект цевки дали разбирате АЛООО🤮)
Ова не е прв пат. Истите луѓе, измамени повторно. Странски државјани кои доаѓаат да ја видат убавината на Македонија, а наместо тоа наидуваат на изнуда.
Младенци плаќале и сеуште плаќаат за свадбени фотографии. Луѓе од цела Македонија биле принудени да платат или да се вратат. Готовина. Без сметка. Без закон, алармира Станојковски.

Македонски


