Skip to main content

Неверојатни 23 операции за само еден ден направиле израелските лекари врз повредените од Кочани

Израелските лекари за еден ден направиле 23 операции врз настраданите од Кочани откриваат македонски здравствени работници кои биле дел од лекарските тимовите за спас на жртвите од дискотеката на смртта.

Сите лекарски тимови од странство кои дојдоа да помогнат во земјава се одлични подготвени и спасиле голем број од повредените но израелските лекари и медицински кадар се нешто посебно тврдат луѓе од другите странски тимови кои работеле со Израелците.

Во само еден ден во средата медицинскиот тим од Израел извршил дури 23 тешки интервенции и со тоа практично дал шанса на живот на 23 лица.

Израелците работат во трите скопски болници во тимови со македонски медицински персонал и со екипите од Чешка и Србија но според очевидци тие се светлосни години пред сите останати не само поради искуството што го имаат со третирање на ваков вид на повреди туку и поради опремата, лекарствата кои што ги донесле но и поради фанатизмот кој го искажале за да спасат колку што можат повеќе животи.

Дел од израелската медицинска екипа заминала од земјава вчера наутро но дел останала за да се подготви втората фаза од третман на повредените која е многу комплицирана и која бара многу знаење и искуство.

А скромните Израелци се воодушевени од македонските колеги и брзата интервенција на македонските власти

Поврзани вести