
Недоволна физичка активност е еден од водечките ризик фактори за незаразните заболувања и смрт во целиот свет. Недоволната физичка активност кај поедници го зголемува ризикот од појава на рак, срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес за 20 до 30 отсто и го скратува животниот век од три до пет години. Покрај тоа, физичката неактивност го оптеретува општеството преку скриените и растечки трошоци за медицинска нега и губење на продуктивноста, пишува во Извештајот на Институт за јавно здравје по повод 10 Мај – Светски ден на физичката активност.
Според проценките на Светската здравствена организација (СЗО) околу пет милиони смртни случаи годишно се поврзани со недоволната физичка активност и затоа Светскиот ден на физичката активност се слави од 2002 година, за да се охрабри секој од нас да се движи за подобро глобално здравје.
Физичката активност претставува, секое физичко движење кое го активира мускулно скелетниот систем, ја зголемува енергетската потрошувачка и претставува основно средство за подобрување на физичкото и менталното здравје на луѓето и истата ги намалува ризиците од многу незаразните болести.
Физичката активност се постигнува низ игра, работа, пешачењето, домашните работи и рекреативните активности и таа не треба са се меша со вежбањето. Вежбањето е под-категорија на физичката активност, кое е планирано, структурирано, повторувачко и намерно, со цел подобрувањето или одржувањето на една или повеќе компоненти на физичката кондиција.
Кај возрасните физичката активност придонесува за превенција и справување со незаразни болести, како што се кардиоваскуларните заболувања, ракот и дијабетесот и ги намалува симптомите на депресија и анксиозност, го подобрува менталното здравје и влијае врз целокупната благосостојба на човекот.
Кај децата и адолесцентите, физичката активност го промовира здравјето на коските, го поттикнува здравиот раст и развој на мускулите и го подобрува моторниот и когнитивниот развој.
31% од возрасните и 80% од светската адолесцентна популација не ги исполнуваат препорачаните нивоа на физичката активност.
Глобалната проценка на трошоците од физичката неактивност за системите за јавно здравје помеѓу 2020 и 2030 година, е околу 300 милијарди американски долари (приближно 27 милијарди американски долари годишно) доколку нивоата на физичката неактивност не се намалат.
Колку и каква физичка активност препорачува СЗО за деца и адолесценти на
возраст од 5-17 години
- Треба да се физички активни најмалку 60 минути со умерен до силен интензитет.
- Физичката активност поголема од 60 минути на ден ќе обезбеди дополнителни
здравствени придобивки. - Треба да се вклучуени и активности за зајакнување на мускулите и коските, најмалку 3
пати неделно.
Возрасни од 18 до 64 години - Треба да се физички активни најмалку 150 минути со умерен интензитет во текот на
целата недела, или најмалку 75 минути физичка активност со силен интензитет во текот на
неделата или еквивалентна комбинација на активност со умерен и енергичен интензитет. - За дополнителни здравствени придобивки, возрасните треба да ја зголемат својата
физичка активност со умерен интензитет на 300 минути неделно. - Активности за јакнење на мускулите и коските, вклучувајќи ги поголемите мускулни групи
се препорачуваат најмалку 2 пати неделно.
Возрасни од 65+ години - Треба да да се физички активни најмалку 150 минути со умерен интензитет во текот на
целата недела, или најмалку 75 минути физичка активност со силен интензитет во текот на
неделата или еквивалентна комбинација на активност со умерен и енергичен интензитет. - За дополнителни здравствени придобивки, тие треба да ја зголемат физичката активност
со умерен интензитет на 300 минути неделно. - Оние со слаба подвижност треба да прават вежби за подобрување на рамнотежата и
спречување од паѓање, 3 или повеќе пати неделно. - Активности за јакнење на мускулите и коските, вклучувајќи ги поголемите мускулни групи
се препорачуваат најмалку 2 пати неделно.
Интензитетот на различни форми на физичка активност варира меѓу луѓето. За подобрување на кардио-респираторното здравје, целата активност треба да трае најмалку 10 минути.
Придобивки од физичка активност и ризици од недоволна физичка активност
Редовната физичка активност со умерен интензитет како пешачење или велосипедизам
има значителни придобивки за здравјето. Било каква физичка активности е подобра од
никаква. Станувајќи поактивни во текот на денот на релативно едноставни начини, луѓето
можат многу лесно да ги постигнат препорачаните нивоа на активност.
Редовното и соодветно ниво на физичката активност придонсува за: - Подобрување на мускулната и кардио-респираторната кондиција;
- Подобрување на здравјето и функционалноста на коските;
- Намалување на ризик од хипертензија, корорнарна срцева болест, мозочен удар,
дијабетес, разни видови на карциноми и депресија; - Намалување на ризикот од паѓање, како и фрактура на колк или рбет кај возрасните.
Недоволната физичка активност е еден од водечките ризик фактори за смртност на
глобално ниво и е во пораст во многу земји и има директно влијание на општата
здравствена состојба во светот. Луѓето кои се недоволно активни имаат 20% до 30%
поголемен ризик од смрт во однос на луѓето кои се физички активни.

Македонски



