Skip to main content

Грција ќе го угаси ЕЕС системот за сите патници на границата, кога ќе се создаде гужва

Евентуалното привремено запирање на новиот европски систем за влез и излез ЕЕС на грчките граници не би можело да се применува само за патници од одредени држави, туку би важело за сите кои во тој момент чекаат на граничниот премин, изјави директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ за медиумите.

Тој појасни дека контролата не може да се врши на национална основа и дека, доколку системот привремено се суспендира, тоа ќе се однесува на сите патници кои треба да бидат регистрирани во ЕЕС во тој момент. Според него, иако Европската комисија има јасни правила, граничните служби често постапуваат по сопствена проценка.

Темата повторно се актуелизира откако грчката Влада одлучи британските туристи привремено да не подлежат на биометриска контрола при влез во земјата, поради страв од големи гужви на границите и аеродромите. Во април, туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија побара од Грција привремено одложување на примената на ЕЕС и за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година.

Од грчката Влада претходно порачаа дека ќе ја следат состојбата и ќе преземаат мерки согласно регулативата, додека примената на системот веќе предизвика редици и на преминот Евзони–Богородица.

Поврзани вести