
Целерот е вистинска ризница на здравје. Во 100 грама од оваа нискокалорична билка содржат само 7 калории, но и обилно количество витамини, минерали и лековити состојки.
Од дамнина се користи за зајакнување на нервите, детоксикација на организмот, намалување на крвниот притисок и шеќерот, како и за подобрување на функцијата на мочниот меур, бубрезите и црниот дроб.
Содржи многу малку калории, па е корисна намирница при диета.
Природна напивка за намалување на холестеролот
Состојки:
500 г целер (стаблата и лисјата)
3 лимони
1 литар вода
Приготвување:
Зовријте ја водата и оставете да се излади. Добро измијте ги лимоните и исечете ги со кората. Целерот ситно исечкајте го, па сè ставете во блендер. Кога ќе добиете кашеста смеса, прелете ја со водата, измешајте и оставете да стои преку ноќта.
Утредента процедете и префрлете во стаклено шише. Пијте по 50 мл од напивката наутро и навечер, пред јадење.
Овој природен еликсир помага во намалување на холестеролот и триглицеридите, без несакани ефекти. За време на консумирањето се препорачува избегнување на слатки. По 2-3 месеци проверете ги крвната слика и резултатите.
Извор: Убавина и здравје