Skip to main content

Во Битола се одржа регионален натпревар „Детски семафор“

Фото: МИА

Во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Народна техника, денеска во Битола се одржа 52. Регионален натпревар „Детски семафор 2025“.

Натпреварот беше со едукативно-воспитна цел, насочен кон зголемување на сообраќајната култура кај младите генерации, итакна градоначалникот Тони Коњановски.

-Ваквите активности треба да се разберат како настани со забавен карактер, но со исклучително важно едукативно влијание. Тие имаат задача да ја поттикнат внимателноста и одговорноста кај најмладите, кои веќе сега се активни учесници во сообраќајот – како пешаци, а утре и како возачи. Затоа, вложувањето во нивната сообраќајна култура е вложување во побезбедна иднина за сите, истакна Коњановски.

На натпреварот „Детски семафор“ оваа година учествуваа 84 ученици од 14 основни училишта од Битола, Могила и Демир Хисар, а беше поддржан од Министерството за внатрешни работи, Технички факултет, АМСМ, Авто мото друштвото „Ѓорѓи Наумов“ и други партнери. 

Поврзани вести