Skip to main content

Заштитник на болните, старите и сиромашните: Денеска е Свети Стефан, жените треба ова да го направат

Денеска е Св. архиѓакон и првомаченик Стефан.

Стефан беше евреин, соработник на апостолите. Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик. Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос. Расказот за него може да се прочита во новозаветната книга Дела апостолски. Во 415 година, неговите мошти се пронајдени на чудесен начин и сместени во Сионскиот храм во Ерусалим.

Свети Стефан секогаш се слави на 9 јануари, на третиот ден од Божиќ и една од поголемите слави. Најраспространет обичај во минатот за Свети Стефан било да се изнесе сламата од куќата поради нејзината плодотвopна moќ. Претходно сламата внимателно се метела и се собирала, се оставала во шталата, во овоштарникот или меѓу пчелите за да го поттикне poдот или напредокот.

Според обичаите жените требало да ја изнесат сламата надвор од куќата и тоа многу тивко за да не се слушне како заминува Божиќ. Некои од нив метлата со која ја метеле сламата не ја користеле цела година, туку ја чувале заради подобро здравје.

Од денеска, па се до Богојавление на 19 јануари траат т.н. некрстени денови.

Станува збор за верување според кое во ова време од годината, кога Исус се уште не бил крстен, земјата била отворена мртвите да излегуваат, а заедно со нив ѓаволите и другите демони.

Овие нечесни сили владеат од моментот на стемнување, па до моментот на разденување. Поради тоа во народот се верува дека во овој период не треба да се излегува навечер, а ако баш мора со себе да се носи лук, крст или некој остар предмет. Се верувало дека во некрстените денови не се преде, не се ткае и не се пере. Надвор пак не се остава ништо бело, а посебно не детска облека бидејќи злите сили би можеле да им наштетат на децата.

Поврзани вести