
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во, западните, централните и источните делови од државата, но во моментов не преставуват пречка за одвивање на сообраќајот, информира ЈП Македонијапат.
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража, до 70 метри на планинскиот превој Плетвар, во Крушево до 80 и во Маврово од 50до 70 метри.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.