
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд, кои повремено ќе преминуваат во снег.
Ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб снег ќе има понекаде во планинските региони. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб повремен дожд, на повисоко со услови за слаб снег и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 8 степени.
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе биде облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд и услови врнежите повремено да преминуваат во снег.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од вторник облачноста ќе се намалува, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, информира УХМР.