Skip to main content

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Freepik

Под влијание на влажен и поладен воздушен бран кој од северозапад преку Алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европскиот Континент, во понеделник попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник (4 ноември) во нашата Македонија ќе има повремени врнежи од дожд на повеќе места и локално врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Поради падот на температурите на највисоките планински места особено на планините Пелистер, Шар Планина, Кораб и на Солунска Глава ќе има и провејување на снег – стои во прогнозата на Метеоаларм.

И во Скопје и околината со овој влажен и поладен воздушен бран од северозапад ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува и умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите тие во понеделник и во вторник ќе бидат во опаѓање и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Во Скопје максимумот на температурата ќе се искачува до околу 12 степени.

Со овој бран на врнежи локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен.

Поврзани вести