
По невообичаено ладниот бран кој директно од Арктикот се спушти на Балканот и во Македонија за 1 и за 2 Мај 2026 и донесе минусни температури, снег и појава на утрински мразеви кој направи огромни штети и ги измрзна овошките, во текот на новата седмица која што ни претстои ни доаѓа нагло и големо затоплување на времето и продор на значително потопла воздушна маса од југ.
Веќе особено од вторник 5 Мај па во деновите потоа температурите во Македонија речиси насекаде ќе се искачуваат и ќе надминуваат 20 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе надминуваат 25 степени. Веќе за време на следниот викенд (9 и 10 Мај 2026) во Македонија очекувам температурите веќе да бидат летни и да се искачат до 30 степени.
Значително ќе пораснат и минималните утрински температури од вторник 5 Мај 2026 и нема да има повеќе појава на утрински мразеви и на слана што значи дека и во утринските часови ќе ни биде значително потопло.
Да напоменам дека поради наглото и големо затоплување на времето и тоа од зимски на летни температури на воздухот, ова особено негативно ќе се одрази врз метеопатите каде поради наглите и големи температурни разлики можни се поголеми здравствени проблеми, соопшти Славчо Попоски.

Македонски


