Skip to main content

Метеоаларм од Славчо Поповски: Од викендов во Македонија почнува приливот на топол воздух од Африка

Почнувајќи од викендов, особено од недела (1 јуни) во Македонија ќе почне приливот на топол воздух со потекло од Африка. Во ваква ситуација температурите значително ќе бидат во пораст, што значи дека, конечно може да очекуваме летни температури на воздухот, објавува метео прогнозерот Славчо Поповски.

За време на викендот, односно во сабота  и недела (31 мај/1 јуни) времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

И во Скопје и околината, за време на викендот ќе почне порастот на температурите на воздухот, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала облачност  и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурите, особено од недела (1 јуни), ќе бидат летни и во значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Во Скопје и околината температурата за време на викендот ќе се искачи до околу 27 степени.

Поврзани вести