Skip to main content

Ќе имаме викенд со летни температури, од вторник период на променливо време со дожд и грмежи

steve-bidmead-from-pixabay
steve-bidmead-from-pixabay

Времето денеска ќе биде сончево и  многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура е во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 30 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Минималната температура се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР),  и утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поврзани вести