
Планинарскиот клуб „Љуботен“ го реализираше традиционалнато мајско искачување до највисокиот шарпланински Титов Врв на 2.747 метри надморска височина. Од 400 пријавени, 350 учесници се искачија и безбедно се вратија назад до почетната точка на Попова Шапка.
Покрај планинари од земјава, имаше учесници од повеќе балкански држави и претставници на дипломатските претставништва.
– Временските услови не беа целосно наклонети, влажно дождливо и густа магла ги следеше планинарите долж целата патека. За среќа сите што се искачија се вратија безбедно и без повреди, информираше претседателот на ПК Љуботен, Јован Божиноски.
Во саботата, по повод 100 години постоење на ПК Љуботен имаше изложба и свечено отворање на манифестацијата.