Skip to main content

Домашна супа по рецепт на нашите баби

Домашната супа од пилешко и шупливи коски е полна со колаген и корисни состојки кои го крепат телото.

Состојки:
2 л вода
2 пилешки батака
1 шуплива телешка коска
3 средни моркова
3 средни пашканати
1 главица кромид
малку свеж лист од магдонос
малку тестенини за супа
сол и бибер

Пропржете го малку кромидот, па во лонец сипете вода и ставете ги шупливата коска, малку лавров лист и кромидот. Гответе најмалку еден час.

Потоа, извадете ги коската и лаворот, а во водата додајте го пилешкото, па гответе уште 45 минути. Потоа, извадете го пилешкото и исчистете го од коски.

Вратете го месото во супата, па додајте рендан морков, пашканат и тестенини за супа, како и сол и бибер.

Додајте цел грст свеж магдонос. Гответе уште 20 минути, па тргнете ја супата од рингла. Послужете ја топла.