Skip to main content

Документарна серија за убиството на Џон Ленон: Мислев дека снимаат филм, но немаше светла, немаше камери… сведочи случаен минувач

Последните изговорени зборови на Џон Ленон пред неговото убиство во 1980 година се откриени во новата документарна серија на „Џон Ленон: Убиство без судење“. 

Според документарецот, пред да се сруши на земја Ленон извикал: Погоден сум! 

Мини серијата во три дела, во која наратор е глумецот Кифер Сатерленд, првпат се емитуваше на платформата во текот на овој месец. Од компанијата  „Епл“ најавуваат дека документарната серија многу добро го прикажува животот, убиството и истрагата против Марк Дејвид Чепмен, убиецот на Ленон.

Многу ликови кои се појавуваат во документарната серија биле случајни сведоци на убиството. Еден од нив бил и таксистот Ричард Питерсон кој сведочи:

– Ленон влегуваше, и едно момче дојде кај мене и рече: „Џон Ленон“. Гледав низ предното стакло на возилото и сфатив дека тој го застрела. Мислев дека снимаат филм, но немаше светла, немаше камери… веднаш разбрав: Ова не е филм.

Серијата ветува „најтемелно испитување“ на убиството досега, велат од продукцијата. За серијата се обезбедени одобренија од Полициската управа на Њујорк, Одборот за условен отпуст и Окружниот обвинител.

Поврзани вести