Skip to main content

Денеска е Чиста среда, денот на големото покајание – не прекршувајте ја оваа забрана за да не привлечете неволји во домот

Додека Чистиот понеделник е за чистење на домот, а вторникот за замолкнување на јазикот, Чиста среда е денот на „големото покајание“.

Според православните извори и манастирските типици, утрешниот ден е клучната точка која одредува дали вашиот пост ќе биде примен како жртва или ќе остане само залудно гладување.

Advertisement

Православните извори укажуваат дека Чиста среда е ден на длабока внатрешна тишина. Ако првите два дена биле подготовка, средата е денот кога душата треба да почне да „плаче“ по изгубениот рај, односно длабоко да се покае.

Моќта на солзите и молитвата

Главната порака за утрешниот ден (25 февруари) е смирението. Старите духовници често знаеле да кажат дека оној кој успешно ќе ги помине првите два дена, а во средата ќе дозволи да го обземе гордоста поради неговиот успех, всушност веќе го изгубил целиот пост.

Затоа, утре секој верник треба да чекори како по тенок мраз, внимавајќи неговото срце да не стане тврдо.

Моќта на овој ден лежи во солзите на покајанието и во искрената молитва која се издигнува во храмовите.

Утре за првпат во овој посен период се служи онаа посебна, полумрачна служба која го допира најскриениот дел од битието. Се верува дека секој што ќе присуствува на таа молитва во тишината на црквата, добива невидлив „ангелски штит“ кој ќе го чува во текот на целата претстојна недела.

Покрај молитвата, овој ден бара и конкретни дела кои доаѓаат од срцето. Милосрдието на Чиста среда има посебна тежина. Старите записи не потсетуваат дека ако утре некој побара помош, пари или парче леб, не смееме да го одбиеме со ладно срце.

Духовните отци велат дека токму на овој ден, самиот Христос може да се појави пред нас во лик на странец или сиромав, само за да ја испита нашата љубов и подготвеност за жртва.

Кога сонцето ќе зајде, традицијата налага задолжително да се запали кадило и со мирисот на темјан да се помине низ секој агол од домот. Овој чин не е само симболичен, се верува дека светиот чад го брка духот на депресијата и тежината кои често знаат да го нападнат човекот на почетокот на долгиот посен пат.

Но, за да остане домот чист и заштитен, постојат нешта кои на овој ден никако не смеат да се прават. Изворите се децидни кога станува збор за исхраната – Чиста среда е ден на најстрого сухојадење. Тоа значи дека на трпезата не смее да има ниту капка масло. Конзумирањето на леб, вода и сирово овошје или зеленчук не е казна, туку начин да се зауздаат страстите. Секоја капка зејтин утре се смета за свесно кршење на духовната дисциплина и хранење на егото кое треба да биде сотрено.

Исто така, овој ден бара воздржување од секаков луксуз и непотребна врева. Шопингот, купувањето нови работи или трошењето пари на суета се сметаат за недостојни за сериозноста на денот.

Постои верување дека парите потрошени на непотребни задоволства на Чиста среда брзо ќе пресушат и нема да донесат бериќет во семејството.

Наместо тоа, домот треба да биде исполнет со тишина. Гласната музика, телевизијата и забавните содржини се само бучава која го попречува гласот на совеста.

Ако започнете кавга со партнерот или со децата, или ако дозволите лутината да преовлада, сите ваши напори паѓаат во вода.

Духовните учители постојано не потсетуваат дека постот без молитва е само обична диета, а постот без милосрдие е чисто лицемерие.

Чиста среда е нашата шанса конечно да ја измиеме внатрешноста на сопствениот сад, за да можеме со прочистени мисли и лесно тело да чекориме кон најголемиот празник што доаѓа. Ова е денот кога се одлучува со каква сила ќе го завршиме патот, како победници над себе или како заробеници на сопствените навики.

Поврзани вести