
Колку ќе трае нашиот живот не зависи само од нас, туку и датумот на раѓање игра значајна улога во тој поглед, барем според зборовите на рускиот астролог Људмила Булакова. Oва се трите хороскопски знаци кои според неа се најдолговечни.
Девица
Девиците се карактеризираат со голема дисциплина во сè – од дневната рутина до исхраната, а љубители се и на чистотата, која е клучна за здравјето. И тоа е најважниот услов за долговечноста. Не е чудо што претставниците на овој знак живеат подолго од другите, дури и некогаш може да се чини дека се бесмртни.
Стрелец
Стрелецот со право може да се прогласи за главниот филозоф во зодијакот, а за таков поглед кон светот потребно е значајно животно искуство. Тешко е да се каже што дошло прво: животниот век на овој хороскопски знак или неговиот филозофски поглед кон светот, но тие навистина живеат подолго од другите.
Бик
Биковите многу го сакаат животот, а тоа им овозможува да поставуваат рекорди за долговечност, и покрај вродените лоши навики, како што е нивната страст кон вкусната, но нездрава храна. Луѓето околу нив постојано се чудат како претставниците на овој знак, кои го презираат здравиот живот, ги надживуваат оние со здрав животен стил.