
На социјалните мрежи се појавуваат голем број видео од Камчатка, која деновиве е погодена од силни снежни врнежи, коишто буквално покриваат цели згради.
Во едно такво видео е објавено како жители на Камчатка ископале тунел низ снегот за да стигнат до куќата на пензионерка, целосно затрупана со снег до покривот.
На снимката, луѓето велат дека откако завршиле со копање тунел до вратата, планираат да направат скали и да и помогнат на бабичката во палењето на шпоретот.

Македонски




