
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во нова објава на социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата и роднините на загинатите во нападот на Суми.
Во денешниот руски напад врз Суми загинаа најмалку 31 лице, меѓу кои и две деца, а над 80 се повредени.
„Многу е важно никој во светот да не молчи, да не остане рамнодушен“, напиша Зеленски и додаде: „Руските напади заслужуваат само осуда. Потребен е притисок врз Русија за да се запре војната и да се гарантира безбедноста на луѓето“.
Зеленски истакна дека без навистина силен меѓународен притисок и соодветна поддршка за Украина, Кремљ ќе продолжи да ја одолговлекува војната.
„Веќе е втор месец откако Путин го игнорира американскиот предлог за целосен и безусловен прекин на огнот“, рече украинскиот претседател.
Во претходна објава, Зеленски соопшти за рускиот балистички ракетен напад врз Суми. „Руски проектили погодија обична градска улица, обичен живот – станбени згради, образовни институции, автомобили на улица… И тоа е на денот кога луѓето одат во црква – Цветници, празникот на Господовото влегување во Ерусалим