Skip to main content

Заврши третата рунда преговори меѓу Украина и Русија

Украина и Русија се согласија за нова размена на затвореници за време на последната рунда мировни разговори во Истанбул, објавија руските државни медиуми. Размената ќе вклучува и воени затвореници и цивили, додаде тој.

Киев ѝ понуди на Москва самит на лидери со цел да се стави крај на војната до крајот на август.

Шефот на украинската делегација на разговорите во Истанбул, Рустем Умеров, изјави за медиумите дека Украина е подготвена за прекин на огнот и ја повика Русија „да покаже конструктивен и реалистичен пристап“.

Се огласи и шефот на руската делегација во разговорите со Украина, Владимир Медински. Тој рече дека Русија предложила Украина да размисли за прогласување серија краткорочни примирја.

Медински рече дека двете страни разговарале и за размена на воени затвореници. Тој истакна дека сите хуманитарни договори од втората рунда се исполнети и дека досега е завршена размена на затвореници од голем обем.

„Москва врати во Киев повеќе од седум илјади тела на загинати војници на украинските вооружени сили. Москва предложи Киев да го разгледа прашањето за прогласување краткотраен прекин на огнот од 24-48 часа со цел да се соберат ранетите и телата на борците“, рече Медински.

Поврзани вести