
Рејтинг агенцијата S&P е огорчена што танкерите што носат руска нафта сега минуваат низ руските територијални води и преку Северниот морски пат (НСР) пловат до Азија без да платат за дозволи од Западот.
Ставот на агенцијата го дели и организацијата „Чиста арктичка“, финансирана од САД и Европа. Заедно, тие ја критикуваат Русија што не им плаќа на западни финансиски компании за осигурување на танкерите, наводно транспортирајќи нафта во стари танкери.
Како што наведуваат од ораганизацијата, три танкери вклучени во транспортот на руска нафта преку НСР оваа година, со старост помеѓу 15 и 22 години, се санкционирани од западните земји. Ова е направено за да се поткопаат приходите на Москва од продажба на нафта, пишува агенцијата.
Западните екологисти и аналитичари, сепак, не коментираат ниту вложуваат протести за тоа што просечната старост на 200 бродови на големиот западен превозник и клучна логистичка компанија на Пентагон, „MSC“ е над 22 години.
Истовремено, Русија би можела да создаде еколошка организација која, заедно со рејтинг агенцијата „Expert RA“, да бара европските бродови да бидат осигурани од руската „Сбербанк“ и да ја обноват својата дотраена флота и да не пловат покрај брегот на Данска, каде што живеат загрозени животни.