
Украинската Врховна Рада ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко и владата. Оставката беше одобрена со 258 гласа „за“ и 226 гласови „против“.
Свириденко во својот говор пред парламентот им се заблагодари на пратениците и владините служби за нивната соработка во текот на изминатата година, на претседателот Володимир Зеленски, на украинскиот народ за нивната вера и неуморна работа и на украинската армија за одбраната на Украина.
Зеленски пред два дена предложи смена на премиерката Свириденко, со образложение дека Украина „ја менува својата политичка стратегија“. Свиреденко истиот ден поднесе оставка.
Поранешната министерка за економија Свириденко (39) беше именувана за премиерка во јули 2025 година, откако одигра главна улога во обезбедувањето на договорот за ретки минерали помеѓу Украина и САД, како важен начин за поврзување на американските интереси со украинската безбедност.(МИА)

Македонски



