Skip to main content

Во Гватемала прогласена вонредна состојба за справување со бандите

Фото: Freepik

Претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало вчера прогласи вонредна состојба, со цел властите да имаат поголеми овластувања за борба против бандите, кои убија осум полицајци и зазедоа неколку затвори во централноамериканската земја изминатите денови.

– Одлучив да прогласам вонредна состојба низ целата земја во траење од 30 дена, почнувајќи од денеска (недела), за да гарантирам заштита и безбедност на Гватемалците, изјави Аревало.

Тој додаде дека полицијата ја презеде контролата врз затворите каде што членови на банди од саботата држеа десетици лица како заложници.

Поврзани вести