Skip to main content

Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили, вклучувајќи и државни службеници и воени лица

Во голема операција на француската полиција е разбиена педофилска мрежа. Од понеделникот до денеска уапсени се 55 мажи.

Уапсените на возраст од 25 до 75 години, меѓу кои и еден свештеник, дедо, болничар, „добри татковци“, професор по музика и мажи самци разменувале пораки на Телеграм и биле во Контакт со „исклучително опасни“ педофили кои се во затвор од минатото лето, изјави раководителот на операциите во Канцеларијата за малолетници (ОФМИН), Квентин Беван.

Истрагата за разбивање на педофилската мрежа траела 10 месеци, откако минатото лето биле уапсени педофили кои злоупотребувале деца и објавувале на Телеграм.

Инспектор Беван посочи дека за време на операцијата се пресретнати илјадници пораки, фотоградии и друга содржина од сексуална злоупотреба на деца.

„Сите 55 лица разменуваа CSAM слики (материјал за сексуална злоупотреба на деца) со опасен педофил, па затоа имавме дигитални докази што ги имплицираа сите. Тоа беше голема истрага. Моравме да ги следиме размените, да ги анализираме и да ги идентификуваме лицата зад овие псевдоними на Телеграм, особено оние кои имаа деца, криминални досиеја или работеа во чувствителни професии што вклучуваат контакт со деца“, изјави Беван за Си-Ен-Ен.

Апсења се спроведени во 42 департмани за поседување, дистрибуција и гледање порнографски содржини со деца под 10 години.

Тој додаде дека мажи од сите возрасти и потекла: татковци, државни службеници, воен персонал и болничари.

Во Франција, поседувањето и дистрибуцијата на материјал за сексуална злоупотреба на деца се казнува со пет години затвор и парична казна од 100.000 евра.

Поврзани вести