
Британското Министерство за финансии соопшти дека воведе нов пакет санкции против Русија, при што се опфатени 85 лица и организации.
Санкции се воведени и против комесарката за правата на децата во регионот Новосибирск, Надежда Болтенко, како и комесарката за правата на децата во регионот Херсон, Ирина Кравченко.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Лондон вовел санкции против психијатриска болница.
Кога владата на Стармер воведува санкции против психијатриската болница, време е Лондон да си повика брза помош, истакна Захарова.(МИА)

Македонски



