
Бурни реакции има деновиве на социјалните мрежи, откако беше објавено дека Агенцијата за филм ќе финансира биографски музички документарец за Марко Маринковиќ – Слаткаристика, кој се занимава со предизвиците со кои се соочуваат лицата со говорни и комуникациски потешкотии.
Виктор Стојанов, контроверзниот Бугарин и претседател на фондацијата „Македонија“, кој има добиено и кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем што поттикнува национална и етничка омраза, објави дека во Македонија се води хајка против Слаткар затоа што имал бугарско државјанство.
„Во Скопје има музичар кој е пријател на Бугарија и бугарски државјанин со мешано српско-бугарско потекло – Слаткаристика. Тој сега доби финансирање од Министерството за култура на Република Македонија и целата „националистичка“ заедница на северномакедонци „скокна“ против него со аргументот: „Како можеше државата да го финансира Слаткар, кој беше пријател на Бугарија, а ова беше неприфатливо“… Мора да се бориме против ова зло со сите средства и сили, бидејќи е на нашите граници и сака наша културна смрт, како и да нема бугарштина во Македонија…“, пишува Стојанов.
Всушност Слаткар на социјалните мрежи не беше нападнат поради неговото наводно бугарско државјанство, туку поради неговата поддршка за промената на името.

Македонски


