
Ќе почнам со една неверојатна потврда за тоталната глупост и срамното неразбирање на лежечките функционери есдесовци, што во низа се повторува од ден во ден за да стане трајно обележје на една залидана, екстремно некомпетентна мала ОРДА самонаречени политичари.
Имено, сите во глас, изјавуваат како папагали, дека не сакале директно да ги коментираат изјавите на премиерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.
Не знаете. Не го разбирате. Без шептач сте исто како глуви, како да не сте слушнале.
А, тој ШЕПТАЧОТ, ЦРНОРУКАШОТ, најголемиот душман на МАКЕДОНИЈА, и самиот запрепастен од вашата духовна и ментална немоќ, ви треба повеќе од 24 саата за да набубате она што ви кажува да одговорите, што за споредба, првачињата го учат за 45 минути.
Како учениците ДЕБИЛИ во политиката, така и “учителот“ рекеташот многу не се труди да ве научи, зашто откако со мака ќе го прочитате, веднаш го заборавате, така тој штогоде и што бива и не бива, ви раскажува сé, само не за тоа што треба да одговорите.
Не се заморува воопшто, затоа што снагата и енергијата ја чува за да ги преброи големите суми пари украдени од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, галантно му ги давате, за на заедничко задоволство, од успешно извршениот договор, завера, го донесете финалниот страотен епилог:
ЦЕЛОСНО ИСЧЕЗНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНИЈА.
Е, нема. Нема затоа што сте глупи и при очи слепи.
Зарем уште не ви е јасно со кого имате работа?
Имате пред себе да ги совладате трите најсвети зборови што се длабоко вкоренети во нас МАКЕДОНЦИТЕ: НЕПОКОР, ИСТРАЈНОСТ, ИДНИНА.
Наспроти нас стоите вие, тешки аутсајдери, кои што сте научени само да влечете назад, надолу, слабаци кои ништо не можат сами, политичари ПИТАЧИ кои чекаат некој да ги донесе на власт, а возвратената благодарност за тој “милосрден“ чин да ја платат со предавства што ни во историјата и историографијата светска не се забележани, ниту пак некаде во друга држава од земјинава топка се случиле.
И, така сонувате. Ќе сте ја земеле власта. Поточно ќе ја купите и ќе ја платите со жртвите, за вас апсолутно неважни, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и МАКЕДОНИЈА. ИЛУЗИЈА.
А, бе сонувачи. Вие во 12 часот попладне станувате од спиење. До пладне ВМРО-ДПМНЕ, поточно до пред да се разбудите и два часа неопходни да се расоните, ве води на избори со 10 напрема 1.
А, и тоа 1 (еден) го оставаме заради декор, да не се само ЛАВОВИ низ МАКЕДОНИЈА, да има и нешто МАЛЕЧКО заради споредба.
Антологиските, од народните приказни, Стамболски Дембели за вас се јапонски работници.
Секоја природна појава има свое значение и не е бадијала присутна во човечкиот, општествено политички и здравствен систем во светот, па од тука и кај нас.
Поточно, кај нас вашиот длабок и долготраен сон има две златни придобивки.
Првата и најважна:
Што повеќе и покоматозно спиете, толку подобро за животот во МАКЕДОНИЈА.
Втората, што се труди да ве дозаспие, ВМРО-ДПМНЕ предводена од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ што ве стави во длабока политичка анестезија, знае дека и будни не сте опасни, ама сте СРАМ за МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и затоа и понатака мирно НАНКАЈТЕ БЕБЕНЦА и кога ќе пораснете НИЕ ќе ве разбудиме, за да провериме дали сте спремни да се ставите на вистинската страна. Да ни се придружите на вистинскиот МАКЕДОНСКИ ЧОВЕЧКИ РОД, или ќе треба да ве вратиме во вашата природна состојба ХИБЕРНАЦИЈА.
На крај: Убеден сум дека вие никогаш нема политички да се разбудите.
Хипнотизерите од Зоран Заев навака, малкумина, ама многу лесно ве пронајдоа вас, тешките зависници од други, немоќни, неспособни, без “инвалидски“ протези да стоите право, да не виткате кичми, да не размислувате самостојно, бидејќи и така немате со што, искубен коров од лебоносните растенија што го хранат НАРОДОТ, никој нема причина и корист вас да ве разбуди.
Сами тоа не го можете.
ДРУГ ВЕ ЗАСПА!
НИКОЈ НЕ САКА ДА ВЕ РАЗБУДИ?
ТОЈ ШТО ВЕ ЗАСПА УЖИВА!
Нека ви е лесен сонот, така заспани, животот и в МАКЕДОНИЈА и в СВЕТОТ е многу ПОДОБАР од како со вас будни. Лесен стогодишен СОН.

Македонски



