
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, денеска најави дека неговата земја ќе го блокира обидот на Европската Унија (ЕУ) да го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, како и обезбедувањето дополнителна помош за Украина.
На утрешниот Совет за надворешни работи, ЕУ има за цел да го усвои 20-тиот пакет санкции. Унгарија ќе го блокира. Додека Украина не го продолжи транзитот на нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, нема да дозволиме да се донесуваат одлуки важни за Киев, напиша Сијарто во објава на X.
Сијарто додаде дека Унгарија ќе го блокира и големиот заем од ЕУ за Украина од 90 милијарди евра, кој треба да ги покрие воените и економските потреби на Киев за следните две години.

Македонски



