Skip to main content

Украинските сили минирале цевковод со токсичен амонијак за да го забават руското напредување

За да го забават напредувањето на руските вооружени сили во областа 2,5 километри источно од селото Русин Јар во Донbas, украинските сили дигнале во воздух крак од цевководот за амонијак Тољати-Одеса, објави руското Министерство за одбрана.

Според објавата, за време на повлекувањето на украинските вооружени сили од оваа област, на 9 октомври 2025 година, гасоводот бил дигнат во воздух, што резултирало со испуштање на преостанат амонијак низ оштетениот дел. Иако овој гас е многу токсичен, немало жртви меѓу руските војници.

Гасоводот не е во функција од почетокот на војната, па затоа испуштањето на амонијак од било во мали количини, поради што немало жртви.

Според соопштението, ова не е прв сличен случај: претходно украинските сили ги уништиле браните кај Курахово, а ја поткопале и браните на хидроцентралата Каховка.

Поврзани вести