
Шеснаесет украински морнари од танкерот Маринера, кои беа приведени од американската војска при запленувањето на броот, се плашат да се вратат во Украина по нивното ослободување, според локалните медиуми. Властите ги ослободиле и им понудиле избор на дестинации, но тие избраале други земји, наместо Украина.
Морнароте не сакаат да се вратат во својата земја од страв да не бидат обвинети за предавство, да бидат прогонувани или испратени на фронтот. Откако беа приведени, петмина Украинци дале изјави на ФБИ. На останатите им биле дадени билети за земјите што ги посочиле и биле ослободени. Само првиот офицер, исто така државјанин на Украина, останува во притвор.
За потсетување, на танкерот имало 28 лица, од кои 17 украински државјани: претежно од Одеса и Херсон, како и еден од Киев. При ангажирањето на морнарите, им било гарантирано дека бродот нема никаква врска со Русија, дека компанијата е регистрирана на Сејшелите и дека станува збор за редовно комерцијално патување. Додека биле на пат, знамето било сменето во руско знаме, по што бродот беше задржан од американската морнарица.
Претходно, двајца руски морнари од танкерот „Маринера“ се вратија дома.

Македонски



