Skip to main content

Три руски воени авиони го нарушија естонскиот воздушен прос

military_material-from-pixabay
Military_Material from Pixabay

Три руски борбени авиони МИГ-31 денеска, без дозвола, влегоа во естонскиот воздушен простор во областа на островот Виндло и останаа во естонскиот воздушен простор речиси 12 минути, објави естонскиот портал „Err.ee“.

Според извештаите, авионите немале планови за лет, а нивните транспондери биле исклучени.

Во моментот на прекршувањето, авионите немале и двонасочна радио комуникација со естонските служби за воздушен сообраќај.

Министерството за надворешни работи на Естонија го покани вршителот на должноста амбасадор на Руската Федерација во Талин за да изрази протест и да достави нота во врска со прекршувањето на воздушниот простор на земјата.

-Русија годинава веќе четири пати го прекрши естонскиот воздушен простор, што само по себе е неприфатливо, но денешното прекршување, за време на кое три борбени авиони влегоа во нашиот воздушен простор, е невидено брутално“, изјави шефот на естонската дипломатија, Маргус Цакна.

Зголеменото гранично тестирање и агресија на Русија мора да се соочат со брзо растечки политички и економски притисок, додаде естонскиот министер.

Претходно овој месец, Естонија веќе побара средба со рускиот вршител на должноста амбасадор во Талин за да изрази протест откако руски хеликоптер МИ-8 го наруши естонскиот воздушен простор во близина на островот Виндло.

Поврзани вести