Skip to main content

Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека воведува 25 отсто царини за сите увози од земји што купуваат нафта или гас од Венецуела.

Новите, таканаречени секундарни царини против Венецуела, треба да стапат во сила од 2 април, објави Трамп на неговата платформа „Truth Social“, пренесува ДПА.

Како една од причините за оваа мерка, Трамп го наведе тековниот спор околу миграцијата, тврдејќи дека венецуелската влада намерно испраќала криминалци и членови на картели во САД.

Американскиот претседател, исто така, ја обвини владата во Каракас дека е непријателски настроена кон САД.

Трамп најави дека на 2 април ќе објави поширок сет на трговски мерки, кои ги нарече „Ден на ослободувањето“.

Покрај царините за трговските партнери на Венецуела, републиканскиот претседател планира да воведе и реципрочни царини, со кои ќе бидат опфатени земјите што вовеле тарифи на американски производи. Овие мерки би можеле да влијаат и врз Европската Унија.

Поврзани вести