
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари историски успех со пласманот во официјалниот дел од „Вимблдон“. Лина своето деби на најпрестижниот тениски турнир во светот ќе го има во вторник кога ќе и се спротивстави на Американката Аманда Анисимова, која во моментов се наоѓа на шестата позиција на ВТА листата и влегува во овој дуел како апсолутен фаворит за победа.
Дополнителна чест за нашата тенисерка е тоа што нејзиниот меч е избран за еден од двата кои свечено ќе ја отворат програмата на овој натпреварувачки ден во Лондон.
По успехот на Лина во квалификациите, со свој став се огласи и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, кој ја повтори својата силна поддршка за спортистите од регионот.
Ѓоковиќ, во изјава за „Макфакс“, од Вимблдон испрати порака со охрабрување за Лина. Српскиот тенисер истакна дека е добро запознаен со нејзината работа и дека будно ги следи нејзините настапи. Ѓоковиќ и посака среќа и успех во претстојниот голем предизвик, што сигурно ќе биде дополнителен мотив за македонската тенисерка.
Да, го испратив нејзиниот настап од пред два дена кога се квалификуваше. Големи честитки за неа и за македонскиот тенис, како што рековте ја испиша својата историја на овој Вимблдон. Се надевам дека ќе може да им ги отвори вратите на младите и ќе им покаже на куѓето од Македонија, кои имаат желба да успеат, дека се е можно“, порача Ѓоковиќ.
Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.

Македонски



