Skip to main content

Пукање рано утрово во Сарај

архива

Утрово околу 04:00 часот во СВР Скопје, Р.З.(25) од с.Глумово, скопско, пријави дека во с.Сарај, скопско, додека со негов другар биле во паркирано патничко возило, застанале две лица со мотоцикл, по што едното од нив од огнено оружје испукало неколку куршуми кон возилото и го оштетило.

Повредени лица нема и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести