
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева на дипломатско решение за конфликтот во Газа, предупредувајќи дека во таа енклава владее хаос.
„Ја проучуваме Газа и се занимаваме со Газа многу интензивно. Таму има вистински хаос“, нагласи Трамп, објавува денес „Тајмс оф Израел“.
Во исто време, САД го сметаат признавањето на Палестина од страна на неколку нивни сојузници, како што се Велика Британија, Австралија и Канада, за „перформативно“.
„Нашиот фокус останува на сериозна дипломатија, а не на перформативни гестови. Нашите приоритети се јасни – ослободување на заложниците, безбедноста на Израел и мирот и просперитетот за целиот регион, што е можно само без Хамас“, изјави портпарол на американскиот Стејт департмент под услов на анонимност, објавува „Тајмс оф Израел“.